Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов вечерва информира дека автопатот А4 од Св.Николе кон Миладиновци е пуштен за сообраќај за сите видови возила.
Имено, тој апелира возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да се почитуваат сообраќајната сигнализација, но и возењето да го прилагодат со состојбите на патиштата во зимски услови, бидејќи коловозот е влажен а на места има остатоци од снег, додава Ангелов.
Е.Р
