HomeАктуелноАнимација: Како сеизмичкиот бран од Турција се ширел низ Европа (ВИДЕО)

Анимација: Како сеизмичкиот бран од Турција се ширел низ Европа (ВИДЕО)

Земјотрес со јачина од 7,8 степени по Рихтер ја погоди рано утринава јужна Турција и се почувствува во поголемиот дел од таа земја како и во неколку земји во регионот, вклучувајќи ја соседна Сирија, а околу 1.200 луѓе загинаа во Турција и Сирија.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Се стравува дека бројот на мртвите во следните часови дополнително ќе расте.

Сеизмологот Стивен Хикс смета дека земјотресот кој утринава ја погоди Турција би можел да биде најсилниот земјотрес во таа држава забележан со инструменти.

На анимацијата може да се види ширењето на сеизмичките бранови по катастрофалниот земјотрес. Него го забележале и сеизмографите низ Европа.

Потресот кој ги погоди Турција и Сирија се почувствувал дури и во Либан и Израел. Епицентарот на земјотресот бил 23 километри источно од Нурдаги, во турската провинција Газијантеп, на длабочина од 24,1 километар.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.