На 13.12.2024 во 10.00 часот во СВР Охрид, Ј.Т.(71) од Охрид пријавил дека од домот се оддалечил неговиот брат В.П.(70), кој имал здравствени проблеми. домот во кој престојувал во Охрид, информираат од СВР Охрид.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 13.12.2024 во 14.40 часот, во двор на едно основно училиште во Охрид, малолетник физички нападнал друг малолетник, ученик во училиштето.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот по што, ќе биде поднесена соодветна пријава, додава портпаролот на СВР Охрид, Димоски.

На 13.12.2024 година во 19.10 часот, во угостителски објект на булеварот „Железничка” во Охрид, Г.Т. од Охрид го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз Д.П.(69) од Кавадарци. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 14.12.2024 во 02.07 часот, во куќа на улица „Париска Комуна”,во Охрид, А.Д. физички го нападнал С.К., двајцата од Охрид. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
