Полициски службеници на 21.02.2023 во СВР Битола извршиле службен разговор со Х.П.(58) од с.Трново, битолско.
Како што информираат од МВР, битолчанецот се сомничи дека на 21.02.2023 околу 11.00 часот во дворот на неговата куќа во село Трново, запалил оган од суви гранки, при што огнот се проширил кон соседниот двор и зафатил дел од дворот со дрва и дел од штала, како и нива, а зафатил и далновод за пренос на електрична енергија.
Х.П. го признал делото, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, велат од министерството.
