HomeАктуелноБрачен пар од Сараево сака да го посвои бебето родено под урнатините во Сирија

Брачен пар од Сараево сака да го посвои бебето родено под урнатините во Сирија

Светот го обиколи веста дека бебе е родено под урнатините во Сирија, по разорниот земјотрес.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Видео снимката од моментот кога спасувачите го пренесуваат штотуку роденото бебе на сигурно ги преплави социјалните мрежи. Станува збор за девојче, кое е пренесено во болница и е здраво

Порталот Аваз, пишува дека нивната редакција била контактирана од млад брачен пар од Сараево кој сака да го посвои девојчето.

Мајката на бебето почина, а тоа нема други преживеани членови од семејството.

Ве молиме да ни помогнете, да дојдете до ова дете и да му пружиме бескрајна љубов и утеха. Објавете вест, да се знае дека во Сараево постојат двајца млади луѓе кои немаат свои деца, а кои би сакале да го посвојат ова бебе и да му ја пружат сета љубов на светот, со солзи изјавила младата жена за Аваз.
Извор/Infomax.mk

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.