HomeАктуелноВерниците од католичка вероисповед го прославуват Бадник, во пресрет на Божик

Верниците од католичка вероисповед го прославуват Бадник, во пресрет на Божик

Граѓаните од католичка вероисповед денеска го прославуват Бадник, во пресрет на Божик, Денот на Христовото раѓање.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Црквите кои го користат Грегоријанскиот календар, вклучувајќи ги сите католички, протестантски и повеќето православни цркви (Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската) Божик го слават на 25-ти декември. Преостанатиот православен свет кој се води според Јулијанскиот календар, меѓу кои и Руската, Српската и Македонската православна црква, Ерусалимската патријаршија, како и монасите на Света Гора, Божик ќе го одбележат на 7-ми јануари.

Католичките верници традиционално за Божик приготвуваат сарма и печено месо, печена мисирка, но и многу слатки. Католички Божик не може да се замисли без присуството на членовите од семејството.

Согласно Законот за празници, утрешниот е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.