На празникот во манастирот доаѓаат илјадници верници да се помолат за здравје бидејќи се верува дека Св. Наум Охридски бил исцелител со чудесна моќ.
Со празнична вечерна богослужба во манастирскиот комплекс „Свети Наум“ на Охридското Езеро вечерва започна чествувањето на Свети Наум Охридски Чудотворец.
Манастирскиот комплекс „Св. Наум“ се наоѓа на триесетина километри јужно од Охрид на најјужната точка на Охридското Езеро. Главната црква во комплексот е изградена на високиот стрмен брег, во непосредна близина на изворите на Црн Дрим.
Светиот просветител Наум ја избрал оваа тивка и благородна околина за свое живеалиште, место од каде што ја развил племенитата мисија за просветување на човекот. Тука е и неговиот гроб, сместен во југоисточниот дел од нартексот.
Манастирот доаѓаат илјадници верници да се помолат за здравје бидејќи се верува дека Св. Наум Охридски бил исцелител со чудесна моќ. Култот за Свети Наум е силен кај верниците од Охридскиот регион но и пошироко.
