„Балистите“ ги симнаа македонските знамиња за да ги подигнат албанските на крстот во црквата Свети Наум Охридски на Попова Шапка.
Тетова Сот објави видео од овој чин.
Пред неколку денови го оспоруваа крстот дека е дивоградба во дивоградбата викенд-населба, а сега се демонстрира силеџиство без почитување.
На ова преку фб-статус реагираше директорот на Центарот на управување со кризи, Стојаче Ангелов:
Ова, како многупати претходно, е намерна провокација и подгревање на меѓуетничката нетрпеливост, напиша Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи, откако навивачи на Шкендија го кренаа албанското знаме спроти крстот на Попова Шапка, до македонското знаме.

Ангелов апелираше до граѓаните да не наседнуваат на ваквите провокации, а МВР веднаш да ги идентификува сторителите и да поднесе соодветни пријави.
Претседателот на Kомисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски преку социјалните мрежи го осуди, како што го нарече, вандалскиот упад во манастирот Св. Наум на Попова Шапка и симнувањето на знамето на Македонската православна црква- Охридска архиепископија.
Елементите на кривичното дело од чл.319 на Кривичниот законик, Предизвикување на омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска или друга основа, како и кривичното дело од чл.145 на Кривичниот законик, Неповредливост на домот, мора да повлечат одговорност. Сторителите мора да бидат најстрого санкционирани. Вакво поведение е недозволиво и ги подрива сите напори за градење здрави општествени односи во нашето кревко плурално општество, додава Сотировски.
Тој повикува надлежните институции да ги откријат и да ги казнат извршителите на ова кривично дело.
Сторителите мора да бидат најстрого санкционирани. Вакво поведение е недозволиво и ги подрива сите напори за градење здрави општествени односи во нашето кревко плурално општество – пишува првиот човек на Kомисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.
