HomeАктуелно(ВИДЕО) Расте бројот на загинати во Еквадор: многу луѓе се затрупани, се трага по преживеани

(ВИДЕО) Расте бројот на загинати во Еквадор: многу луѓе се затрупани, се трага по преживеани

Најмалку 15 загинати и 126 повредени по силниот земјотрес што вчера го погоди Еквадор, соопшти Националната служба за управување со катастрофи. Има многу затрупани. Во тек е потрага по преживеани.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според информациите, уништени се и 50 куќи, пренесе агенцијата ТАС С.

Епицентарот на земјотресот се наоѓал на длабочина од 85 километри, на околу 17 километри југозападно од градот Наранхал со 32.000 жители.

Земјотресот бил со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала, а бил почувствуван во 13 од 24-те провинции на Еквадор.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.