HomeАктуелноВидете на кој патен правец има прекин во сообраќајот

Видете на кој патен правец има прекин во сообраќајот

Поради оштетување на пропуст за атмосферска вода, патниот правец Бузалково – Сливник ќе се исклучи од сообраќај со поставување на барикади и сообраќајни знаци. На местото на оштетувањето ќе се изведуваат градежни работи. Сообраќај не може да се одвива и преку Бузалково кон село Р’левци, информираат од Општина Велес.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Тие појаснуваат дека градежните работи за санирање на оштетувањето на пропустот ќе почнат изутринава. Додаваат дека сообраќајот нема да се одвива се до целосно завршување на градежните работи.

– Се замолуваат граѓаните – корисници на посочениот патен правец, да покажат разбирање и трпеливост за безбедно и побрзо завршување на градежните работи, порачуваат од Општина Велес.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.