HomeАктуелноВладата ќе бара помош од Брисел за решавање на проблемот со бездомните кучиња

Владата ќе бара помош од Брисел за решавање на проблемот со бездомните кучиња

Премиерот Димитар Ковачевски при вчерашната посета на РЕК Битола, одговарајќи на новинарско прашање во врска со проблемот со кучињата-скитници, рече дека и покрај тоа што станува збор за ингеренција на локалните власти, Владата ќе бара помош од Брисел, преку ИПАРД програмите да се изгради стационар кој ќе биде дом за тие кучиња.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Ковачевски нагласи дека проблемот со бездомните кучиња е голем и оти секојдневно сме сведоци на напади врз граѓани.

Потенцирајќи дека тоа е исклучителна надлежност на општините, пртседателот на Владата посочи дека не станува збор за тоа дали градоначалниците имаат моќ или не, туку за тоа дали имаат фокус, посветеност и волја да се справат со проблемите.

Јас разговарав со министерот за земјоделство, при следната посета на Брисел со соодветните сектори да разговараме за одредена соработка преку ИПАРД програмите, доколку може да се направи некој модел на одреден стационар којшто ќе може да биде некаков државен проек, иако не е ингеренција на државата, со цел да можеме да помогнеме на граѓаните и на општините во справувањето со овој проблем
Бидејќи се работи за навистина голем проблем, а гледам дека градоначалниците воопшто не се занимаваат со него, нагласи Ковачевски.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.