HomeАктуелноВМРО-ДПМНЕ: Казните за народот кој го блокираше патот Струмица – Радовиш се противуставни

ВМРО-ДПМНЕ: Казните за народот кој го блокираше патот Струмица – Радовиш се противуставни

Казните за народот кој го блокираше патот Струмица – Радовиш се противуставни, одговорност ќе има.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

МВР на Спасовски се обидува да ги заплаши граѓаните кои протестираа против предлогот на Ковачевски кој значи бугаризација на Македонија и македонскиот народ, со казни кои се косат со Уставно загарантираното право на протест.

Власта знае дека не може да го забрани протестот, па се одлучи граѓаните кои ги блокираа патиштата да ги казни за непрописно движење по пат и непрописно паркирано возило.

Мизерни се обидите на Спасовски и Ковачевски преку прекршочни казни да ги сузбијат протестите.

Одговорност за ова злоупотреба на законите и институциите ќе има.

Народот е против бугаризација. И власта не може да го спречи да каже НЕ за Ултиматумот.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.