HomeАктуелноВМРО-ДПМНЕ: Симпатизер на Путин сега ќе пишува уставни амандмани во работната група, која Ковачевски ја формира

ВМРО-ДПМНЕ: Симпатизер на Путин сега ќе пишува уставни амандмани во работната група, која Ковачевски ја формира

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ објави фотографија од професорката Јагода Митревска од Меѓународиот славјански универзитет од Скопје, која оваа недела е именувана за член на работната група при Министерството за правда која ќе ги изработува уставните амандмани, сликана на избори во Русија и јавно прашува за нејзиниот кредибилитет, наведувајќи дека е „симпатизер на Путин“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Каде оди Ковачевски? Симпатизер на Путин сега ќе пишува уставни амандмани во работната група, која тој ја формира. Меѓу членовите на работната група, на таканаречени експерти, кои ги демаскиравме и презентиравме дека станува збор за пензионери роднини на партиски функционери и луѓе блиски до СДС и ДУИ уставни измени ќе прави и Јагода Митревска  симпатизер на Путин, која долги години следела негови кампањи во Русија. Јагода Митревска е новиот член на работната група за уставни измени која ја формираше Ковачевски. Таа се пофали дека учествувала во изборните кампањи на Русија, а на фотографии се гледа како гордо се фотографира пред простории и знамиња на партијата на Путин, таква фотографија е објавена на социјалните мрежи и истата ја испраќаме во прилог на ова соопштение, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Од партијата додаваат дека „откако вистински експерти не прифатија да членуваат во работната група која ќе ги пишува амандманите, Ковачевски собрал луѓе кои ниту се експерти, ниту имаат искуство од областа, но затоа имаат сомнителни политички конекции“.

Инаку, последните парламентарни избори во Русија се одржаа во текот на ковид кризата во 2021 година, без учество на странски набљудувачи, а претседателските избори треба да се одржат идната година. Руската инвазија во Украина започна на 24 февруари 2022 година.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.