HomeАктуелноВозач лишен од слобода поради управување со возило под дејство на алкохол

Возач лишен од слобода поради управување со возило под дејство на алкохол

На 30.03.2025 околу 01.00 часот на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, во населба Доброшане во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.И.(21) од Куманово.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

 При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген поло” со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,52 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.