HomeАктуелноВонредна информација од АМСМ – Забрана на тешки возила на овој патен правец поради обилните врнежи од снег

Вонредна информација од АМСМ – Забрана на тешки возила на овој патен правец поради обилните врнежи од снег

АМСМ вонредна информација- ЗАБРАНА ЗА ТМВ:

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од 12:10 часот има забрана за сообраќај на ТМВ на патот Маврово-Дебар поради обилни врнежи од снег.

Имено, од УХМР известуваат за -студен бран и пообилни врнежи од дожд и снег.  Деновите од викендот времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи, кои во западните и јужните делови ќе бидат поројни и обилни (над 60 l/m2). На планините врнежите ќе бидат од снег од 40 до 50 см, на повисоките места од 10 до 30 см, а во некои пониски места од дожд и снег и ќе се формира помала снежна покривка. Во југоисточните делови ќе бидат само од дожд. Ќе дува умерен, а на планините силен северен ветер. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно со магла по одделни котлини. Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд и снег, кои повремено ќе бидат пообилни. На околните планини врнежите ќе бидат од снег.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.