HomeАктуелноВо духот на верата и традицијата и Скребатно се подготвува за големиот христијански празник Голема Богородица

Во духот на верата и традицијата и Скребатно се подготвува за големиот христијански празник Голема Богородица

И Скребатно се подготвува за традиционалното одбележување на празникот Успение на Пресвета Богородица.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Илјадници верници по традиција утре ќе дојдат во Скребатно каде ќе се помолат во храмот посветен на Пресвета Богородица, по што за сите ќе биде поделен традиционалниот ручек кој се служи од оваа црква.

На празникот Успение на Пресвета Богородица во кругот на обновената црква во Скребатно се подготвува и дели ручек за 5.000 луѓе, со што се продолжува заветот даден пред повеќе од два века.

Имено, Црковниот одбор покрај утрешната богата програма и вечерва организира музички забавен дел со убава македонска народна песна и музика за сите верници и посетители на ова место.

Новинар: Елена Ристеска

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.