HomeАктуелноВо еден ден пронајдени тројца починати мажи

Во еден ден пронајдени тројца починати мажи

На подрачјето на Скопје, на три различни локации биле пронајдени три тела на починати машки лица, сите во ист ден.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во 08.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Кучково, скопско под патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки бил пронајден починат Ц.Р.(67) од с.Волково,скопско.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција, соопшти МВР.

Попладнето, пак, во СВР Скопје е пријавено дека во соба во хотел на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат С.Е.(63) од Р.Турција со престој во државата.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е предадено во судска медицина за обдукција, соопшти МВР.

Вечерта во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Центар бил пронајден починат Б.О.(69).

Како што соопштува МВР, од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е предадено во судска медицина за обдукција.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.