HomeАктуелноВо Штип ќе се градат три катни гаражи во централното подрачје

Во Штип ќе се градат три катни гаражи во централното подрачје

Продолжување на изградбата на конзолите на реката Отиња од двете страни, но и изградба на три катни гаражи ќе се решава проблемот со паркинг просторот, но и сообраќајниот хаос.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Изградбата на конзолите е во тек, а за наредната година ќе се планираат буџетски средства за продолжување на проектот. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов вели дека во тек е избор на фирма која ќе ги проектира трите катни гаражи во централното градско подрачје.

-Катните гаражи се лоцирани на три локации, во централнот градско подрачје, едната е на паркингот кај Дом на култутра, едната е на почетокот на улицата „Ванчо Прќе“ на постоечкиот паркинг простор и едната е во близина на Здравствениот дом. Со ова граѓаните ќе имаат зголемена паркинг површина, поголема безбедност во сообраќајот, побрз проток на возила и нормално помодерен и поурбан, вели Јорданов.

Со враќањето на домашните, но и странските студенти во амфитетарите и предавалните на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ метежи низ градот е зголемен и во текот на работните денови нема доволен број на слободни паркинг места низ централното подрачје.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.