Стабилното, суво, сончево и топло време во Македонија ќе потрае до сабота (19 септември). Веќе од недела (20 септември) ни следува промена на временската состојба кај нас, објави метеорологот Славчо Попоски.
„Полека ќе подпаѓаме под влијание на циклонска активност со центар источно од нас. Во ваква ситуација во недела (20 септември) особено во попладневните часови ќе има развој на локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.
Пообилни врнежи од дожд, локално проследени со грмежи и со засилен ветер ќе има во понеделник (21 септември) особено во попладневните и во вечерните часови. Исто така во понеделник (21 септември) кон крајот на денот и вечерта ќе започне да дува засилен ветер од северен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина од 50 до 60 км/час.
Сето ова ќе биде знак за надоаѓање и спуштање на значително поладен воздух од север кој ќе пристигне во вторник (22 септември) и ќе услови поголем пад на температурите на воздухот, односно ќе ни следува осетно заладување на времето и температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината.
Многу појасна метеоролошка слика околу оваа промена на времето ќе имам во следните мои метео објави“, објави тој.
