Само три дена траеше бегството на дилерот Ариф Алили од Кичево кој од отвореното одделение во затворот во Шутка и избега на затворската полиција.
Полициските службеници го нашле денеска и тоа во центарот на Битола. Директорот на скопскиот затвор во разговор тврди, не станувало збор за бегство, туку за „одалечување“ бидејќи бил сместен во отвореното одделение. Но бидејќи го напуштил затворот, сега ќе му бидат одземени сите привилегии.
Денеска (31.01.2023) на ул.„Димитар Илиевски Мурато“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода А.А.(42) од Кичево. Тој бил осуден на казна затвор од три години, а бил баран по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Скопје заради бегство од затворот. Лицето е спроведено во установата за доиздржување на казната, велат од МВР.
Во меѓувреме, полицијата се уште трага по Беким Мемети. По неговото бегство суспензија и притвор добија командирот на одделението и тројцата затворски полицајци кои го вршеа спроводот.
