HomeАктуелноВремето денес – Во овој дел од државава очекувајте невреме!

Времето денес – Во овој дел од државава очекувајте невреме!

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо во западните и крајните источни делови со локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. UV=7

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Во Охрид променливо облачно со сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 26 степени Целзиусови.

Од УХМР најавија дека од петок следува период на сончево време со мала до умерена локална облачност. Дневната температура ќе биде во пораст, а особено топло ќе биде во недела и во првите денови од следната седмица.

Е.Р

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.