HomeАктуелноВремето денес

Времето денес

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 36 степени. УВ-индексот ќе има вредност 9.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во Скопје ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 35 степени.

Според прогнозата на УХМР, следува период на претежно сончево и многу топло време, со пораст на дневната температура која насекаде ќе биде над 30 степени.

Во почетокот на следната седмица во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.