Раде Врчаковски – Врчак се огласи за трагедијата во клубот „Пулс“ во Кочани.
Тој вели дека последната песна со починатиот Андреј од групата ДНК ја снимиле само неколку дена пред истиот да почине, а сега ја пуштил да ја слушне повторно.
Последната песна со Андреј… Јас до вечерва не можев да слушам музика, не можев ни на facebook да гледам ништо… Уште не можам, уште закрепнувам ама пред малку ја пуштив да ја слушнам последната песна со Андреј што ја снимавме неколку дена пред да загине – кога му го слушнав гласот ме врати во живот цела љубов и позитивна енергија на Андреј ми се врати во душата, а цела тага ми се претвори во уште поголема љубов, пишува Врчак.
