HomeАктуелноГази Баба со голем музички настан ќе ја слави независноста на Македонија

Гази Баба со голем музички настан ќе ја слави независноста на Македонија

По повод 8ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија, општина Гази Баба на ден 07.09.2023 година (четврток) со почеток во 19:30 часот на плоштадот во Автокоманда организира голем музички настан на кој ќе учествуваат естрадните уметници Јордан Митев, Александра Јанева, Наум Петрески, Зуица Лазова и групата Синтезис, а на настнот ќе биде изведен и уметнички перформанс со наслов “Во слава на минатото” од македонски актери, фолклорниот ансамбл Седенка и вокално инструменталната група Аманет.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски ги покани сите граѓани да присуствуваат при што напиша:

– Само од нас зависи, дали Македонија ќе биде се што имаме или се што немаме. Денот на независноста е светол датум во историјата на Македонија и наша должност е да го почитуваме. – напиша Стефковски.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.