HomeАктуелноГрадоначалникот на општина Лозово избран за нов претседател на Советот за Развој на Вардарски Плански Регион

Градоначалникот на општина Лозово избран за нов претседател на Советот за Развој на Вардарски Плански Регион

Градоначалникот на Општина Лозово, Бошко Цветковски е избран за претседател на Советот за Развој на Вардарски Плански Регион.
Благодарност до сите членови на Советот за укажаната доверба, да со едногласна одлука ме изберат за нов Претседател на Регионот, кој служи за пример, како треба да функционира еден центар за рамномерен развој.. Оттука сакам да потенцирам дека во периодот што е пред нас, силно ќе се залагам за носење на квалитетни одлуки, за подеднаков развој на сите единици на локалната самоуправа од Вардарскиот регион без разлика на политичката припадност на нивните раководства, од што, секако, најголем бенефит ќе имаат нашите граѓани. Сакам да се заблагодарам и за досегашниот ангажман на сега веќе поранешниот Претседател на Советот на ВПР, градоначалникот на Општина Св.Николе, г-Дин Дејан Владев.Не чека работа и само работа, силна заложба за силни општини! – стои во фб објавата на градоначалникот на општина Лозово.
Е.Р
-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.