HomeАктуелноГраѓани на 4-ти февруари ќе ја блокираат патарината за да не можат да дојдат Бугари во Скопје

Граѓани на 4-ти февруари ќе ја блокираат патарината за да не можат да дојдат Бугари во Скопје

На социјалните мрежи е објавен повик до граѓаните, за на 4 февруари да ја блокираат патарината Куманово – Скопје, бидејќи на тој ден се очекува бугарски граѓани да дојдат во Скопје за да се поклонат пред гробот на Гоце Делчев.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

„Повик до сите родољуби! Дојдете со камиони, трактори, автомобили и друга машинерија и поддржете го протестот. Кумановчани – ве повикуваме во 9 часот да ја блокирате патарината кон Скопје. Да не дозволуваме бугарските нео-нацисти да плукаат по споменот на великанот Гоце Делчев“, стои во објавата.

Бугарската фондација синоќа на социјалните мрежи објави насоки за Бугарите кои на 4 февруари планираат да дојдат во Скопје.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.