HomeАктуелноГруби го пречека албанскиот репрезентативец Асани: Му честитав за победите на нашиот национален тим

Груби го пречека албанскиот репрезентативец Асани: Му честитав за победите на нашиот национален тим

Министерот за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби на својот официјален Фејсбук профил сподели дека утрово го пречекал албанскиот репрезентативец Јасир Асани.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Му честитав на Јасир за двата одлични настапи во победите на нашиот национален тим, за спектакуларниот гол постигнат против Молдавија и го охрабрив да продолжи со одличната работа во однос на напредувањето во професионалната кариера. Ќе продолжиме да го поддржуваме во секој чекор од неговата кариера, посакувајќи заедно со репрезентативците да стигнат до квалификациите за Европското фудбалско првенств, напиша Груби.

Јасир Фадил Асани е професионален фудбалер кој игра како десно крило за клубот од К Лига 1, Гвангжу ФК. Роден во Македонија, тој ја претставува репрезентацијата на Албанија.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.