Вицепремиерот Артан Груби во гостувањето на вестите на телевизија Канал 5 негираше дека запаленото Ауди е негово. Тој тврди дека возилото е на негов близок пријател, кој во исто време бил и успешен бизнисмен.
Возилото Ауди од 2008 го продадов и за приватни потреби ги користам возилата на моите браќа, Ксарата на татко ми , како и други возила. Апсолутно Аудито не е мое возило, сум користел други возила за приватни цели. Минатата недела имав мала хируршка интервенција и не го користев ова возило 10 дена. Лажни се снимките дека неодамна сум го користел тоа возило, и тоа од 2019. Сите претпоставувале дека возилото е мое лично. Пријателот ми е близок и живее во моја близина. Имаше флешери возилото, вели Груби.
Додава дека пријателот е успешен бизнисмен преку 30 години и може слободно да го испитаат потеклото на неговиот имот.
Имено, како што информираа од МВР, сопственикот на автомобилот припаѓа на лицето Б.Л (35).
На (22.07.2023) во СВР Скопје е пријавено дека околу 03.30 часот на ул.”Струмичка” настанал пожар во патничко возило “ауди” со скопски регистарски ознаки, сопственост и паркирано од Б.Л.(35) од Скопје. Пожарот е изгаснат, повредени лица нема, а увид изврши увидна екипа на СВР Скопје, велат од МВР.
Останува прашањето како може пријателот на Груби да биде бизнисмен веќе 30 години? Или сепак станува збор за исклучително добар лик кој само 5 години го живеел своето детство, а другите 30 години бил активен во бизниси?
