Во пресрет на големиот христијански празник Богојавление – Водици, Охрид е веќе подготвен за положување на Светиот крст каде ќе се осветат водите во Охридското Езеро.

Покрај вековната традиција на главната церемонија на кејот на Охридското Езеро, во Охрид скоро и да нема населено место или село кое не ја негува својата традиција за Водици.
Еден од многуте примери е селото Свиништа, каде утрово во 7:30 часот беше положен Светиот крст додека најсреќниот фаќач е Дарко Јованоски кој што потекнува од селото и со години ја негува традицијата.

Светиот Крст беше положен во базенот на црквата Св.Никола, која што е изградена во далечната 1934 година.
новинар: Е.Ристеска
