HomeАктуелноДевет пожарникари од Тетово ќе помагаат во подрачјата погодени од земјотрес во Турција

Девет пожарникари од Тетово ќе помагаат во подрачјата погодени од земјотрес во Турција

Девет пожарникари со две возила од Територијалната противпожарна единица-Тетово ќе заминат во Турција за да помагаат во справувањето со последиците од земјотресот во југоисточниот дел од земјата. Тие имаат опрема за пребарување и спасување на луѓе под урнатини.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

-Во знак на солидарност и поддршка, група од девет лиценцирани лица за елементарни непогоди од Територијалната противпожарна единица Тетово, со противпожарна и опрема за пребарување и спасување заминаа за југоисточниот дел на Турција за да му помогнат на турскиот народ. Тетово ја споделува и сочувствува со големата болка на турскиот народ и оваа огромна трагедија што ја зафати Турција, порача градоначалникот на Тетово, Биљал Касами.

Според командантот на единицата Авни Амети пожарникарите се обучени за ваква намена за пребарување и извлекување на луѓе во случај на земјотрес.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.