HomeАктуелноДедо пријавен за исчезнат пронајден удавен во Вардар

Дедо пријавен за исчезнат пронајден удавен во Вардар

Вчера во 09.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во водите на река Вардар кај Пешачкиот мост, бил пронајден починат Ј.Ш.(88) од Скопје кој на 15.10.2023 во Полициската станица Ѓорче Петров бил пријавен дека се оддалечил од домот, соопшти МВР.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што информираат од МВР, полициски службеници излегле на местото и од страна на припадници на БППЗ телото е извлечено од водите на реката, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба од Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.