Утрово снег на планинскиот превој Стража, сообраќајот според АМСМ се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Намалена видливост поради појава на магла има на планинските превои Плетвар80 м., и Ѓавато 60м.
Сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на нашиот дежурен телефон02 25 61 502. – стои во соопштението на ЈП Македонија Пат.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во југозападните делови со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје претежно облачно со умерен северен ветер. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Според УХМР, во деновите од викендот и во почетокот на следната недела времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла.
