HomeАктуелноДенеска без струја делови од повеќе скопски општини

Денеска без струја делови од повеќе скопски општини

Без струја денеска ќе останат делови од општините Карпош, Гази Баба и Ѓорче Петров, а без вода корисниците од Визбегово, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, според информации од „ЕВН Македонија“ и ЈП „Водовод и канализација“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

– Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улицата „Џумајска“ во општина Карпош во период од 10 до 14 часот. Во период од девет до 11 часот, населеното место Трубарево, улиците „1“, „2“ и „7“ и улицата „Вера Јоцич“ околу црквата „Свети Ѓорги Победоносец“ во општина Гази Баба. Од девет до 14 часот, дел од „Александар Македонски“ од број 30 до број 49 во општина Ѓорче Петров, се појаснува во соопштението.

Како што се наведува, поради технички интервенции на водоводната инсталациска мрежа, без водоснабдување од девет часот ќе бидат корисници од општина Бутел.

– Поради водоводен приклучок ф-300 мм на улицата „2“, Визбегово – Њу Стар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисници од овој дел на општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од девет часот до завршување со работните активности, се додава во соопштението.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.