HomeАктуелноДенес во собранието прва седница на Анкетната комисија за случајот со Oнкологија

Денес во собранието прва седница на Анкетната комисија за случајот со Oнкологија

Во Собранието денеска ќе се одржи првата седница на Анкетната комисија за случајот со Онкологија.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Комисијата ќе биде надлежна за утврдување на хронологијата на настаните и околностите во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, односно, дали со скандалот биле загрозени основите човекови права на пациентите коишто се лекувале, политичката одговорност, како и изготвување заклучоци и препораки кои ќе имаат за цел да поведат постапка за утврдување на одговорност на носителите на јавните функции и спречување натамошна злоупотреба.

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, која претседава со Анкетната комисија вчера рече дека ќе ги заложи сите свои знаења, умеење, труд и со сите останати колеги од комисијата како и новинарите, за да излезе вистината на виделина. Ако Анкетната комисија одлучи, рече Мизрахи, на разговор ќе бидат повикани сите релевантни институци и функционери.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.