HomeАктуелноДенес е роденден на екс премиерот на Македонија – еве колку години наполни

Денес е роденден на екс премиерот на Македонија – еве колку години наполни

Денес му е роденден на поранешниот премиер на Република Македонија Никола Груевски. Никола Груевски денеска го прославува својот 53-ти роденден.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Тој е роден во 1970-тата година во Скопје.

Неговиот татко Тало потекнува од леринското село Крушоради, во Егејска Македонија, денешна Република Грција. Тој е доктор на науките во Белградскиот универзитет и пред тоа долгогодишен професор во Шумарскиот факултет на Скопскиот университет. Мајка му Надежда е од Штип, сестра на првиот министер за внатрешни работи на независна Република Македонија – Јордан Мијалков.

Тој беше премиер на Република Македонија во четири мандати од 2006 година сѐ до неговата оставка во јануари 2016 која била дел од условите договорени во Престижниот договор за разрешување на политиката криза во Македонија. На чело на партијата ВМРО-ДПМНЕ беше од мај 2003 до неговото повлекување од таа позиција во декември 2017. Претходно, за време  беше министер за финансии од 1999 до 2002.

Груевски во мај 2018 година бил осуден на двегодишна затворска казна за злоупотреба на службена положба при набавка на службено возило. Во ноември истата година избегал во Унгарија кадешто добил политички азил.

Во април 2022 Кривичниот суд во Скопје го осудил Груевски на казна затвор од 7 години за кривично дело „перење пари“. Истиот месец Министерстовото за финансии на САД вовело санкции против повеќе поранешни високи функционери меѓу кои и Никола Груевски.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.