ЈП „Билјанини Извори“ ја информира јавноста дека од денес, 6 јули 2026 година, официјално започнаа со работа пливачките школи на Градскиот отворен базен „Атина Бојаџи“.
Обуките ќе се реализираат под стручен надзор во следните термини:
Претпладне: 08:00 – 13:00 часот
Попладне: 17:30 – 19:00 часот (мало корито)
Потсетуваме дека Градскиот отворен базен „Атина Бојаџи“ работи секој ден од 08:00 до 19:00 часот.
ЈП „Билјанини Извори“ ги поканува сите граѓани и посетители да ја искористат можноста за рекреација и спорт во текот на летната сезона, а најмладите да се приклучат на пливачките школи, да ги совладаат основите на пливањето и да стекнат нови вештини во безбедна и професионална средина.
