HomeАктуелноДетали за планинарите кои се изгубија во тетовско

Детали за планинарите кои се изгубија во тетовско

Полициски службеници од СВР Тетово синоќа над тетовското село Пршовце, во добра здравствена состојба, ги пронашле 12-те планинари кои се изгубиле во тетовско.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Синоќа во 22:10 часот над село Пршовце, тетовско, по преземени мерки и организирана потрага, полициски службеници од СВР Тетово во добра здравствена состојба ги пронајдоа 12-те планинари од селата Боговиње, Лисец, Раковец, Пршовце и Тетово, за кои во 21: 30 часот А.Р. од тетовско Боговиње пријави дека не можел да стапи во контакт со нив, соопшти денеска МВР.

Планинарите во текот на денот заминале во планината над село Пршовце за да одат до место викано „Доброшки езера“, а последната локација од каде контактирале била кога се наоѓале кај „Три Чешми“ во близина на границата со Косово. Лицата биле пренесени во Клиничката болница Тетово на преглед.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.