HomeАктуелноДо крајот на годината граѓаните треба да ги променат документите со новото име на државата

До крајот на годината граѓаните треба да ги променат документите со новото име на државата

2024 година е рокот во којшто треба да бидат заменети личните документи, бидејќи дадовме рок при примената на Уставот на Република Северна Македонија и Законот за јазиците, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

– Во однос на цените, ние објаснивме дека за 90 проценти се зголемени цените на репроматеријалите и затоа направивме зголемување кое што не е големо, имајќи предвид дека утврдивме два вида на цени. Оние кои ги менуваат пасошите на пет години, значи до 27 години, имаат иста цена на услуги, додека за остатокот имајќи предвид дека е 10 години важечкиот документ, цената е зголемена незначително за да можеме практично да ги остваруваме тие функции, одговори министерот на новинарско прашање до кога треба да се сменат документите и зошто е поскапена услугата.

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го промовираа е-државјанство.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.