HomeАктуелноДраматичен биланс по невремето во Скопје – 11 завршија на Ургентен центар

Драматичен биланс по невремето во Скопје – 11 завршија на Ургентен центар

По силното невреме што вчера попладне го зафати главниот град Скопје, во Ургентниот хируршки центар биле примени вкупно 11 пациенти со повреди.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според информациите од здравствените власти, кај тројца пациенти биле констатирани тешки телесни повреди, додека осуммина се здобиле со полесни повреди.

Една пациентка, која се здобила со повреда на главата и скршеница на десната потколеница, е задржана на понатамошно лекување на Клиниката за неврохирургија.

На Клиниката за трауматологија е хоспитализиран и пациент со скршеница на левата потколеница. Пациентка со скршеница на левиот рачен зглоб, по укажаната медицинска помош, е пуштена на домашно лекување.

Останатите пациенти, по извршените прегледи и неопходниот медицински третман, биле соодветно згрижени согласно нивната здравствена состојба.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.