HomeАктуелноДржавен правобранител меѓу обвинетите во тепачката каде дете заврши во болница

Државен правобранител меѓу обвинетите во тепачката каде дете заврши во болница

Основното јавно обвинителство од Струга поднесе обвинителен предлог против пет лица за кривично дело „учество во тепачка“. Еден од обвинетите, како што информира Јавното обвинителство, во моментот извршува функција државен правобранител за подрачјето на Струга.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Настанот се случил на 17 август минатата година во луна паркот на улицата „Партизанска“ каде две 16-годишни деца започнале меѓусебна расправија и тепачка по што се вклучиле родителите на децата и други роднини. Тепачката кулминирала така што едно од децата се здобило со тешки телесни повреди од удари со тупаници – скршеници на вилица, контузии на главата и телото, подливи и посекотини.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.