HomeАктуелноЕве во кои месеци има најмногу разводи, експертите откриваат и зошто

Еве во кои месеци има најмногу разводи, експертите откриваат и зошто

Додека некои адвокати забележуваат пораст на разводите по празниците, едно истражување вели дека март и август се всушност месеци кога брачните парови почесто раскинуваат. Барем така покажува студија од 2016 година, спроведена од Универзитетот во Вашингтон, пишува Њујорк Тајмс.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Авторите на споменатата студија ги анализирале сите примени барања за развод во државата Вашингтон од 2001 до 2015 година, по зимскиот и летниот одмор. Тие објаснија и кои се најверојатно главните причини за развод во тој период од годината.

Луѓето имаат тенденција да им приоѓаат на празниците со зголемени очекувања, и покрај разочарувањата што можеби ги имале во претходните години, вели Џули Бринс, вонреден професор по социологија и еден од водечките автори на студијата.

„Тие претставуваат периоди од годината кога има исчекување или можност за нов почеток, нешто поинакво, премин во нов период од животот. Тоа е како циклус на оптимизам, во извесна смисла“, додаде таа.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.