HomeАктуелноЕве за колку ќе пораснат пензиите овој месец

Еве за колку ќе пораснат пензиите овој месец

Согласно методологијата за усогласување на пензиите, тие од овој месец ќе се зголемат за седум отсто, информираа од Министерството за труд и социјална политика.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Со ова зголемување просечната пензија која изнесува 17.422 денари, се зголемува за 1.219 денари и ќе изнесува 18.641 денар, односно ќе биде нешто над 300 евра.

Согласно методологијата на МТСП пензиите на секои шест месеци (март и септември) се зголемуваат за процент кој е збир од 50 отсто од порастот на платите и 50 отсто од растот на трошоците за живот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.