HomeАктуелноЕве какво време ќе имаме за новогодишната ноќ

Еве какво време ќе имаме за новогодишната ноќ

На 31 декември и 1 јануари не’ oчекува стабилно и претежно сончево време.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според прогнозите на УХМР, времето на последниот ден од годината ќе биде наутро студено со услови за појава на магла по одделни котлини.

Преку денот ќе биде сончево со мала локална облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од северо0западен правец. Температурата ќе се движи од минус 7 до 13 степени. Утрото, следниот неработен ден на 1 јануари, ќе биде студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот, времето ќе биде сончево и тивко со мала локална облачност. Максималната температура ќе достигне 14 степени.

Според прогнозата за следните денови, снежната покривка на планините постепено ќе се намалува. По одделни котлини ќе има појава на магла со пониски дневни температури.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.