Eден од најпознатите парови во светот на спортот и шоу-бизнисот би можел викендов да ја круниса својата љубов со брак. Според португалските медиуми, Кристијано Роналдо и неговата долгогодишна партнерка Георгина Родригез ќе се венчаат в сабота, на 1 август, на луксузниот имот Кинта да Регалеира во португалскиот град Синтра.
Иако ниту Роналдо, ниту Георгина официјално не ги потврдија овие информации, во Португалија сè погласно се шпекулира дека завршните подготовки за свадбената церемонија веќе се во тек. Според истите извори, Георгина сакала венчавката да биде интимна, резервирана само за најблиските членови на семејството и пријателите, наместо голем спектакл пред очите на јавноста.
Сепак, списокот на наводни гости сугерира дека на свеченоста би можеле да присуствуваат бројни светски ѕвезди. Меѓу нив се споменуваат фудбалерите на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, Винисиус Жуниор и Родриго, актерот Вин Дизел, новинарот Пирс Морган, пејачките Ријана и Џенифер Лопез, раперите Дрејк и Тревис Скот, поранешниот шампион во УФЦ, Хабиб Нурмагомедов, легендарниот англиски репрезентативец Рио Фердинанд, како и популарниот јутјубер и стример Спид.
Засега не е познато дали на церемонијата ќе присуствуваат и соиграчите на Роналдо од Ал Наср.
Љубовната приказна на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез започна во 2016 година, кога се запознаа во продавница на „Гучи“ во Мадрид, каде што Георгина тогаш работеше. По речиси десет години заеднички живот и семејството што го изградија, се чини дека дошол моментот својата врска да ја крунисаат со брак.
Сепак, засега сè останува на ниво на шпекулации, а останува да се види дали еден од најпознатите светски парови навистина ќе застане пред олтарот овој викенд.
