HomeАктуелноЕВН избран за универзален снабдувач

ЕВН избран за универзален снабдувач

ЕВН Македонија и во наредните 5 години ќе биде универзален снабдувач со електрична енергија. Ваква одлука донесе Владата на вчерашната седница.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

За носител на набавката е избран економскиот оператор којшто има понудено најнизок процент на бруто маржа во текот на електронската аукција, а чијашто понуда претходно е оценета како прифатлива.

Критериумот за доделување на договорот за универзален снабдувач, притоа, е бруто понудената маржа за снабдување.

Основата за пресметката на цената по којашто универзалниот снабдувач ќе ги снабдува малите потрошувачи и домаќинствата во којашто е вклучена и бруто маржа, е во согласност со Тарифниот систем за продажба на електрична енергија на потрошувачите кои ги снабдува универзалниот снабдувач – се вели во соопштението кое што го испрати Владата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.