HomeАктуелноЕден уапсен по заложничка криза во Холандија

Еден уапсен по заложничка криза во Холандија

Заложничката драма во градот Еде во источниот дел на Холандија заврши со приведувањето на лицето кое неколку часа во заложништво држеше неколку лица во кафуле во центарот на градот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Откако првично тој ослободи тројца заложници, еден час подоцна вооружениот напаѓач маскиран со рацете во воздух излезе од кафулето, по што експресно беше приведен од страна на холандските специјалци. Вооружениот напаѓач од непознати причини, рано утринава влезе во кафуле во центарот на градот Еде во Холандија и киднапира неколку вработени, заканувајќи се дека ќе активира експлозив.

Голем број специјалци веднаш беа распоредени на терен и евакуирале околу 150 дома во близина на кафулето каде што се случува заложничката драма.

Според официјалните информации од холандското МВР, нема индикации дека станува збор за терористички напад.

Претходно, сите возови што требало да сообраќаат од и до Еде беа стопирани, а холандските специјалци побараa луѓето да го избегнуваат центарот на градот на неодреден период.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.