HomeАктуелноЕдна третина од вчерашните пожари биле на диви депонии,

Една третина од вчерашните пожари биле на диви депонии,

Еден пожар е активен утринава меѓу селата Отишино и Оризари во општина Велес каде гори ниска вегетација. Пожарникарите од Велес вчера интервенирале со три противпожарни возила и 11 пожарникари, а утринава, според информациите на Центарот за управување со кризи, ќе продолжат да дејствуваат.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во текот на изминатото деноноќие евидентирани се 13 пожари на отворено од кои една третина биле на повик за гаснење депонии.

– Вообичаено тие диви депонии се до населби и освен што од нив може да се прошири пожарот, дополнително опожарените диви депонии и ѓубришта го загадуваат амбиенталниот воздух, особено во градовите каде што е веќе загаден воздухот. Такви примери имаме на повеќе места, а вчерашен пример, од сношти, е хроничниот проблем со палење на дивата депонија „Вардариште“ во скопската Општина Гази Баба, за што граѓаните коишто гравитираат во тој скопски реон, со право реагираат дека многу често се пали и освен што претставува опасност за пожари во околината, дополнително го загадува и воздухот во скопската котлина. ЦУК, покрај тоа што редовно ги известува надлежните служби и институции, апелира до граѓаните да не палат отпадоци и ѓубре на ова топло време и сува вегетација во природата, се наведува во утринската информација од ЦУК.

Вчера гореше дивата депонија „Вардариште“ поради што се ширеше остар и непријатен мирис во населбите кои гравитират во тој дел.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.