HomeАктуелноЕДНО ЛИЦЕ ЗАГИНАЛО ВРЗ ВАГОН ЦИСТЕРНА ПОЛН СО НАФТЕН ДЕРИВАТ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО НАСЕЛБА ИЛИНДЕН НАЈВЕРОЈАТНО ОД СТРУЕН УДАР ПО ШТО ДОШЛО ДО ПОЖАР ВРЗ ВАГОНОТ

ЕДНО ЛИЦЕ ЗАГИНАЛО ВРЗ ВАГОН ЦИСТЕРНА ПОЛН СО НАФТЕН ДЕРИВАТ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО НАСЕЛБА ИЛИНДЕН НАЈВЕРОЈАТНО ОД СТРУЕН УДАР ПО ШТО ДОШЛО ДО ПОЖАР ВРЗ ВАГОНОТ

Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека во 21.05 часот од страна на дежурниот во Македонски железници добиле телефонски повик и пријава дека на железничка станица „Илинден“ има пожар на една цистерна и за истиот биле информирани и БППЗ на Град Скопје. Од страна на РЦУК Скопје била контактирана БППЗ од кои беше потврден настанот и дека две нивни екипи се на терен.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

За истиот настан беа информирани и дежурните во Полициските станици Автокоманда и Петровец, од каде што беше потврден настанот. Од страна на Секторот за операции и координација на ЦУК беа известени дежурните оперативни центри на МВР и Дирекцијата за заштиа и спасување (ДЗС).

По интервенцијата на БППЗ на Град Скопје пожарот е изгаснат и како последица на истиот има починато едно лице. На местото на настанот се присутни претставници на Итна медицинска помош, Полицијата и Јавното обвинителство кои постапувале согласно нивните процедури.

Инаку, според информации од граѓани, кои биле во близина на настанот, починатото лице било горе на вагонот и се запалило од силен струен удар, од електричните жици над вагоните, но се чека официјална потврда на тие информации.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.