Кирил Пецаков, градоначалник на Општина Охрид, ја сподели радосната информација дека првороденото бебе во 2026 година е девојче, а веднаш потоа на свет дојдоа уште две прекрасни девојчиња – вистински симбол на нов почеток, надеж и силна женска енергија.
Традиционално, градоначалникот ги посети новите членови на нашата заедница и ги даруваше со пригодни подароци, испраќајќи им најтопли желби за здравје, среќа и безгрижно детство. На родителите им посака гордост, радост и многу насмевки во секојдневието што следи.
Тој упати и огромна благодарност и честитки до тимот лекари и целиот персонал на Одделението за гинекологија за нивната деноноќна посветеност, професионалност и хуманост, нагласувајќи дека токму тие се темелот на сигурниот почеток на секој нов живот во нашиот град.
Во пораката до граѓаните, градоначалникот посака 2026 година да биде исполнета со уште повеќе новороденчиња, уште повеќе среќни семејства и безброј причини за радост во Охрид.
Нека ни е среќна, здрава и бериќетна новата година! 
