HomeАктуелноЗагина 92 годишна старица, ја прегазил камион

Загина 92 годишна старица, ја прегазил камион

На 02.02.2023 во 13.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Марко Орешковиќ” во Скопје, товарно моторно возило „пежо” со велешки регистарски ознаки, управувано од С.Н.(40) од с.Богомила, велешко,  удрило во пешакот Б.М.(92) од Скопје.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.М., по што била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски”, каде им подлегнала на повредите.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Од МВР информираат деа вчера 14.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Кадино кон с.Бунарџик, општина Илинден, се судриле автомобил „опел астра”, управуван од М.Ј.(42) од Марино и автомобил „фолксваген голф”, што го управувал С.М.(65) од Скопје.

Во несреќата тешко е повреден М.Ј., а полесно малолетен сопатник од „астрата“.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.